Ако балетанките не се вашиот омилен избор на чевли за летниот период, тогаш сигурно оваа опција ќе ви се допадне многу повеќе: комбинација на сандали и балетанки.
Дури и да не сте моден фанатик, сигурно веќе сте забележале дека овој микс на двата типа на чевли е хит меѓу модните додатоци оваа сезона. Предниот дел е затворен и најчесто благо заоблен или во форма на шпиц, додека задниот дел е отворен и продолжува или со врзување со ленти околу глужд или со тенко ременче.
Интересно кај овој тип на чевли е тоа што се комбинираат и различни видови на материјали во комбинација мат-сјај или различен избор на бои и дезени, со што оставаат уште поголем впечаток.
Ваков тип на чевли дизајнираа и Шанел, Диор, како и бројни „high street" модни куќи, а веќе инстантно ги освојуваат модните улици.