Пронајдете го модниот предизвик во панталоните

2 април 2014

Создавањето панталони и пронаоѓањето на модел што одлично ќе прилега на женското тело, отсекогаш бил предизвик како за дизајнерите, така и за жените кои трагале по вистинскиот модел.

Во продолжение ви презентираме три типа на панталони кои се актуелни оваа пролет, а кои пак соодветствуваат на повеќе облици на женско тело, причина повеќе поради кои се и толку посакувани и популарни.

Долги панталони со широки ногавици

Овој тип на панталoни соодветствуваат на речиси сите типови на тело. Благо проширување на крајот од ногавицата (во вид на ѕвонарка на пример) ќе направи баланс ако имате големи гради или широки колкови. Оние со висок струк помагаат ако имате момчешка фигура. Ако сте ниски, препорачливо е да ги носите со високи штикли.

Тесни панталони над глужд

Во странските медиуми напишани како 7/8 исто така се одлични за повеќето форми на тело. Иако најчесто секој тип на панталони изгледа подобро на високи потпетици, тоа не е случај со овие. Рамните чевли, патики или евентуално сандали со впечатлив ѓон ќе бидат добар избор. Со ваков тип на панталони, повеќе се истакнува женственоста.

Широки панталони над глужд

Или и покуси. Овој модел подобро им стои на оние со долги нозе, но ако правилно се искомбинира може добро да изгледа и на оние пониските. Кога се овие панталони во прашање, речиси е задолжително да бидат со висок струк. Одлично се комбинираат со некоја плетена блуза, или пакмаица. А при изборот на чевли, можете да бирате помеѓу чизмички до глужд, чевли со високи потпетици, сандали или рамни чевли.

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Тренд