Имате широк горен дел, а потенки нозе? Ова се најдобрите модни комбинации за вас

28 јануари 2022

Ако се пронајдовте во насловот, тогаш сте на вистинското место.

Во продолжение ќе следат неколку практични совети и примери за тоа како да ја одберете најдобрата облека за вас.

Не е мал бројот жени кои се соочуваат со овој проблем. Во овој опис всушност спаѓаат жените со тип на тело „јаболко“ (таложење во пределот под гради и стомакот), но и оние со тип на тело „триаголник“ (широки раменици и гради, а тесни колкови и тенки нозе), а тоа е така, бидејќи ниту едно тело не се води по строги правила.

И во двата случаја, градите и стомакот се критични, а струкот не е баш дефиниран. Но, од друга страна, имате повитки нозе, кои можете да ги истакнете, а оние критичните да ги сокриете.

Што да избегнувате?

-Тесни фустани

-Високи околувратници

-Светли бои во делот на стомакот

-Хоризонтални риги во делот на стомакот

-Транспарентни материјали и многу детали околу средниот дел на телото. Чувајте го тоа за рамениците и долниот дел од телото

-Тесни ракави

-Кратки маици

 

Што да практикувате?

-Деколте во V израз, длабоко округло, аголно или пак креации без прерамки

-Пошироки ракави, со шлиц, или малку ѕвонести, до лакт е исто така добра опција, ултра кратки или подолги но со малку волумен.

-Маици со подолга должина и поширок крој, односно туники. Тие на вистински начин ќе го избалансираат телото. Можете да бирате и маици што се на преклоп или пак сечени под гради, а потоа паѓаат широко.

-Кога се плететнините во прашање, заборавете на тесни џемпери и инвестирајте во кардигани со поширок крој, што не се закопчуваат.

-Кога бирате јакна, гледајте да не е со дворедно закопчување, туку со едноредно. Сепак не купувајте премногу широки кроеви, така уште повеќе ќе го нагласите она што сакате да го сокриете. Купувајте модели кои се струкирани, доволно за да дадат фина форма, но не и премногу тесни. Најдобра комбинација е на пример, долга туника или кошула и струкирана јакна - облекување во слоеви. Добра опција е да ја носите јакната откопчана.

-Кога се панталоните во прашање, добар избор се оние со широки или малку ѕвонести ногавици, ако имаат странични џебови, уште подобро. Струкот нека биде понизок или среден. Избегнувајте ги оние со ултра висок струк и должина до глужд. Фармерки бирајте како и панталони, а можете и оние со машки крој,како и оние со прави ногавици.

-За здолништа, заборавете на волуменозни карнери. Одбирајте здолништа во А крој, асиметрични, од парчиња што се шират надолу, плисирани...

-Фустани во прав крој, А-крој, сечени под гради, како и оние на преклоп се одлична опција за вас.

Во оваа група на жени спаѓа и мајката на кланот Кардашијан- Џенер, па нејзиниот стил често е добра визуелна презентација на тоа како да го истакнете најдоброто.

Во продолжение уште неколку примери:

 

 

Објавено:
28 јануари 2022
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.156 пати