Еве како да го сокриете стомакот после бременоста

8 јануари 2014

reese-witherspoon-bremena

Стомакот е делот на телото кој на секоја штотуку станата мајка останува како „потсетник“ на бременоста, па честопати поради него, жените ја губат самодовербата.

Сепак, тоа не значи дека треба да се сокриете во широки слоеви облека, а добар пример за тоа е оскаровката Рис Винтерспун. Својот пост-породилен стомат таа го сокрива со одбрани парчиња со стил, па така воопшто не се одрекува од модните трендови.

Секоја „новопечена“ мајка може да пронајде добар пример како да се сокрие критичното место, не оптеретувајќи се со фактот дека тој и година дена после породувањето е присутен.

Рис бира широки маици, пеплум кројот кој го спојува со тесни фармерки. Познавајќи го своето тело, предност дава на витките нозе, па ги истакнува со здолништа во А-крој, додека вниманието од стомакот го оттргнува со кратки блузи.

Таа е доказ дека мајките можат да уживаат додека го враќаат телото во првобитната линија, а не да се кријат. Треба само внимателно да се одберат парчињата, да се истакнат адутите и трендовите да се свртат во своја корист.

Погледнете како тоа го прави Рис.

60901360-reese-witherspoon-trbuh-porod-tijelo

60901361-reese-witherspoon

60901362-reese-witherspoon-tijelo-porod-odjeca

60901384-reese-witherspoon-trbuh-tijelo

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Направи сам