Веќе од оваа недела конечно можеме да уживаме во прекрасното пролетно и сончево време кое и треба вака да изгледа во овој период од годината.
Доколку наскоро заминувате на некој мини викенд на море, веројатно веќе треба да почнете да се подготвувате и да го набавите она што е меѓу најважните работи – костимот за капење!
Оваа сезона девојките повторно ги обожаваат едноделните костими за капење кои доаѓаат во голем број бои и модели кои ги обожаваме.
Секако, Асос е меѓу брендовите каде можете да најдете најголем избор на модели кои истовремено се супер квалитетни, но и сосема шик и тренди.
Она на што треба да внимавате е дефинитивно моделот што ќе го одберете и како тој му прилега на вашето тело, за да блеснете во полн сјај.
Сезоната е веќе отворена и веќе можете да почнете да го барате совршениот модел, а ние само ви предлагаме мала инспирација околу она што ќе биде тренди сезонава.
Како што споменавме, едноделните модели се вистински хит, а ова лето доаѓаат во многу варијанти меѓу кои и такви со карнери, со цветен и принт со пруги, со отворен грб или деколте, со ремчиња и откриени рамена и какви уште не.
Доколку сѐ уште не се одлучивте за тоа во каков модел ќе блеснете ова лето, мала инспирација имате во галеријата погоре.
Фото: Pinterest.com, Asos.com