Најсреќниот ден од целата работна недела го дочекавме со прекрасно сонце и навистина високи температури, па тоа значи дека треба да прославиме со впечатлива комбинација. Денеска носиме плисирано здолниште во розова нијанса и го комбинираме со нежна кошулка во иста нијанса со модерни, ѕвонести ракави. Можеби веќе е време да ја отвориме сезоната на сандали, па така денеска без двоумење комбинацијата надополнете ја со рамни сандали во слична нијанса како и останатите парчиња. Што се однесува до останатите парчиња, носиме и шик чанта во нежна боја, кружни очила за сонце и романтични обетки.

Уживајте во прекрасниот ден! 

Објавено:
31 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
746 пати