Кратки комбинезони се идеален летен избор

5 јуни 2017

Кога летната гардероба е во прашање, секогаш сме во потрага по оној идеален спој помеѓу практичното и стилското.

Едно од оние летни парчиња која е совршена комбинација од двете, се кратките комбинезони.
Без голема филозофија, се работи за сезонско парче облека кое може да го вклопите во било кој период од денот – за лежерен и опуштен изглед, комбинирајте со ниски сандали или патики, а за сексапилно и женствено издание, финиширајте со високи потпетици.

Ова лето особено се актуелни комбинезоните со флорални дезени и принтови во комбинација со транспарентни материјали.

Интересен и впечатлив избор погледнете во галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.078 пати