Најсреќниот ден од неделата го дочекавме со сонце и прекрасна температура во градот, а тоа секако подразбира лежерна комбинација во која ќе уживаме цел ден. Носиме широки boyfriend фармерки кои сѐ уште се едни од нашите омилени и ги комбинираме со нежна сина кошулка со ѕвонести ракави и цветови по површината. Бидете тренди и комбинацијата надополнете ја со овие рамни, но сепак стилски патики и мини чантичка во слична нијанса, а што се однесува до модните додатоци, обетките со реси и очилата за сонце денеска се задолжителни.

Уживајте во прекрасната среда! 

Објавено:
7 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
453 пати