Кога Џенифер Лопез во 2000-та година се појави на Греми наградите во тропскиот фустан на „Версаче“, сите погледни беа вперени во неа.
Овој храбар избор остана забележан во модната историја како нешто што ѝ донесе голема популарност и на Лопез, но и на Донатела Версаче.
Во 2014 пејачката на концертот во Бронкс се појави во реплика на легендарниот фустан, со што сите повторно се потсетија на нејзиното „тропско“ издание.
Но, малкумина се сеќаваат дека пред Џенифер Лопез, фустанот го носеше пејачката Гери Халивел само месец дена пред „Греми“ наградите, во јануари 2000-тата година на „NRJ“ музичките награди во Франција, но не направи бум ни приближно како што тоа беше случај со Лопез.
На последните Ем-ти-ви филмски и телевизиски награди пак, што се одржаа минатиот месец во Лос Анџелес, во речиси идентичен фустан се појави популарната актерка Џулијан Роуз Рид.
Нема кој не ја забележа сличноста со „Версаче“ фустанот, а коментарите беа најразлични, од такви дека е бледа копија на Џенифер, до оние дека и жена со сосема поинакво тело може да носи добро ваков провокативен фустан.
Што мислите вие, на која подобро ѝ стои?