Конечно викенд и убаво време, па потрудете се да го искористите на најдобар можен начин. 

Нашиот денешен предлог е фустанче во поп-арт стил, во кое ќе изгледате одлично за средба со пријателите во парк или на некоја лежерна забава.

Ние го комбиниравме со балетанки на врзување и бело ранче.

На сето тоа го додаваме чокерот како тренди моден додаток и „ленонки“ очила за сонце.

На вас е само да бидете одлично расположени и да се забавувате!

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
10 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
286 пати