Салонки со пом-пом топчиња се новиот моден хит

21 јуни 2017

Ова е лето за нови модни љубови. Меѓу нив се и новите хит чевли од Aquazzura: салонки украсени со пом-пом топчиња.

Овие женствени чевли се изработени од кадифе, имаат тенка потпетица и она што е највпечатливо на нив се пом-пом топчињата поставени на шпицестиот врв.

Достапни се во три бои: темно црвена, црна и розова, а чинат 595 евра.

Модните блогерки и трендсетерките веќе ги комбинираа во своите летни аутфити, а меѓу фановите на овие чевли се и холивудските ѕвезди.

 

Фото извор: Buro247.hr

 

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
284 пати