Вчера ви презентиравме кои принтови се издвоија како водечки за есенската сезона, кога се во прашање модните парчиња облека. А денес решивме да направиме мал сублимат на принтови и дезени кои ќе бидат актуелни кај чантите за есен-зима 2013/14. Од приложеното можете да забележите дека средните големини на чанти скоро и да ги нема, или се тие екстремно големи и комфорни или се мали и практични.

 

Аccessorize

 

Еднобојните модели се сè поретки, а шаренилото се поактуелно. Она што фасцинира е модниот склоп на бои, без разлика дали се работи за графички принт, колор блок варијанта, флорален дезен или леопардова апликација. Чанти со заоблени и строги линии, најчесто во трапезоидна форма  е хитот на претстојната сезона.

 

Мајкл Корс

 

Принтот кој се издвои како најкористен е дефинитивно леопардовиот, кој е заштитен знак на новата колекција кај модните брендови како Бурбери, Гучи и Фурла, чиј инспиративен стимул не бил само да го аплицираат дезенот на нивните чанти туку и да го софистицираат комбинирајќи го со колор блок варијанти, модерен плексиглас или синтетички влакна. Секој креатор на свој начин, во својот креативен свет понуди различни визии за секој џеб, вкус и стил. Дизајнерите навистина се потрудија и прикажаа широк спектар на избор на модели, а еве кои се издвоија како најпопуларни за студената сезона.

 

Објавено:
22 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци