Луксузни модели на чанти во новата колекција на Диор

23 јули 2014

Иако по доаѓањето во редовите на Кристијан Диор модните додатоци не му беа примарна цел, сепак Раф Симинс успеа аксесоарите од модната куќа да ги направи едноставно неодоливи. Новата колекција чанти со наслов „Lady Dior“ го задржаа дамскиот изглед и минимализмот, кој е дополнет со принтови, бои и детали.

Новата колекција чанти од Диор за есенско /зимската сезона нуди елеганција во секој поглед и ќе биде достапна за оние кои ќе може да си го дозволат овој луксуз. При тоа новата линија чанти е составена од разни големини и форми, односно колор – блок модели украсени со писма, романтични чанти со цветни апликации, како и мали плик чанти. Во продолжение погледнете ги најновите модели од Диор за претстојната сезона.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Модни додатоци