Во уште една одлична pret-a-porter колекција на Диор, креативниот директор Раф Симонс презентираше и дел од новите чанти на брендот, чиј шарм можат да го препознаат само дамите со префинет вкус.

 

 

Овие чанти се најнова тенденција за есен-зима 2013/2014. Класичниот дизајн на култната Лејди Диор чанта, во зимската сезона ќе биде збогатена со принт на женска потпетица, чиј автор е големиот Енди Ворхол. Дизајнирајќи ги новите модели на чанти Симонс од Ворхол ја позајмил и реинтерпретирал скицата на женска потпетица која датира од 50-тите години на минатиот век.

 

 

Освен на чантите овој принт се аплицира и на  облеката и на тој начин се покажува како класиката може да послужи како основа за создавање на нови модни инсталации.

 

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Модни додатоци