Марион Котијар како ноќна птица во рекламната кампања на Диор

21 октомври 2014

Француската актерка Марион Котијар  по вторпат е заштитно лице во новата кампања на Lady Dior. Овој пат станува збор за промоција на три нови модели на чанти. Прекрасната актерка позираше во вечерните часови на различни локации во градот на светлината, Париз пред фотообјективот на фотографот Грег Мекдину.

Фотографот одлучи за оваа кампања талентираната актерка да ја претвори во ноќна птица, која лута во доцните часови низ француска престолнина ма шармот. Интересно е што во фокусот повеќе можеме да ги видиме светлата на автомобилите, уличните светилки, светлечките реклами и една загубена девојка која совршено се вклопува во тој амбиент и со себе носи грст соништа кои се сместени во култните креации на новите чанти.

Креациите кои ги носи актерката се модели кои се дел од новата колекција што Раф Симонс ја дизајнираше за Диор.  Фотографската приказна и моќната женственост на Котијар се доволен стимул кој ќе ги разгори желбите на секоја дама чиј фетиш се чантите.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци