Дарко Лешоски промовира нова поетска стихозбирка

Дарко Лешоски: Јас никогаш нема да бидам како вас!

10 јули 2017

Промоцијата  на поетската стихозбирка на Дарко Лешоски ќе случи  на 12-ти јули во „Музеј на современа уметност“ - Скопје.


Во една прилика за нашиот портал ќе изјави :
-Тенка е границата помеѓу имиџ и идентитет. Можеш да градиш некој имиџ, но ако ти е различен од идентитетот, од она што навистина си, многу е рискантно и на крај секогаш неуспешно.

Дарко Лешоски е во постојана потрага по сопствениот идентитет, тоа му е секојдневна приказна, лик кој е бескрајно искрен и доследен на тоа што го пишува. Поет кој ја живее поезијата и ни го приближува стихот како една мала молитва во која сите сакаме да учествуваме.

„А мене ми се насолзија очите. Зошто знаев што сака да ми каже. Зошто знаев што е. Зошто знаев и што ми следува. И беше така. И би така. На крајот од говорот ми даде еден портокал само. Како што му подариле на Јосиф во приказната. И јас го пределив со голи раце на пола, ако некој тогаш забележа и го гризнав. Тоа беше мојата душа тогаш. И јас после тоа не сум веќе истиот Дарко. Не сум. Нит сакам да бидам. Јас престанав да чувствувам вина кога сум среќен. Престанав да се плашам да бидам среќен! Престанав да се плашам да бидам среќен кога навистина сум. Јас научив многумина и себе си сам. Јас научив и уште ги знам оние кои биле покрај мене во тешки времиња, оние кои правеле тие времиња што побрзо да поминат. Оние кои ме ставиле во такви или правеле и давале се од себе мене темниците подолго да ми траат. Јас им ветувам на оние кои ме знаат дека ќе продолжат да ме знаат, оние кои тврдат дека ме знаат и познаваат, а што се не сум прочитал и слушнал за мене од нивни усти дека - никогаш нема ни да ме познаваат, а може и сто години заедно да бидеме - толку барем на себеси си должам. Јас никогаш нема да бидам како вас. Па било каде и било кому сум припаѓал“.

Во видеото  говорат стихови од поемата „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека": Унковски, Манчевски, Синоличка Трпкова, Висар Вишка, Весна Петрушевска, Бранко Огњановски, Васко К15, Отец Пимен, Соња Исмаили, Милан Андов, Славиша Каевски, Сашко Коцев, Драгана Левенска и многу други .

 

Бејбимама

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.307 пати