Костимите за капење на Ева Лонгорија

25 јули 2017

Латино актерката Ева Лонгорија ужива максимално во летните денови, а тоа го споделува и со своите следбеници на социјалните мрежи.

Светските магазини пак, не можеа да не забележат дека џебната венера како што ја нарекуваат, изгледа одлично во костими за капење.

фото извор: Instagram; popsugar.com

Свесна за тоа, актерката гордо го покажува своето тело и сите модели на костими за капење, кои ги добива од дизајнерката за ваков тип модни додатоци, Мелиса Одабаш, која од „Снепчет“ беше прогласена и за дизајнер на годината.

 

Инаку, Лонгорија месецов уживаше на Мајорка, Ибица и други егзотични места, но летната сезона ја започна уште во зимските месеци, како и голем број други познати личности.

-Уживам во водата и сончањето, сакам и одбојка на песок. Исто така сакам и трчање, но практикувам и јога и пилатес. Во моментов вежбам и со тегови – открива Лонгорија.

За странските медиуми откри дека се обидела да биде и веган, но многу бргу сфатила дека тоа не е за неа.

-Живеам во Мексико Сити, каде сè е полно со такос и не е лесно да одолееш. Сопругот и јас се вративме на нашата претходна исхрана, исполнета со риба и јајца, но од јануари годинава не јадеме црвено месо – вели актерката.

Што и да прави, одлично ѝ влијае на изгледот.

Во продолжение ги сите костими за капење на оваа 42-годишна убавица од декември до сега:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
25 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
930 пати