Остри критики за Ким Кардашијан како “црната“ Џеки Кенеди

29 август 2017

Ким Кардашијан досега многупати успеала да предизвика лавина реакции појавувајќи се на насловна страна на некој магазин. Се сеќавате на откриениот задник и чаша шампањ за „Пејпр магазин“, или првата насловна за американскиот „Вог“... Но, изгледа дека ниту една досега не предизвика такви реакции како последната за магазинот „Интервју“.

фото извор: papermag.com

фото извор: wmagazine.com

фото извор: Vogue.com

Ким позира како Џеки Кенеди и тоа во друштво на ќерка си Норт Вест. Насловот што го прати текстот и фотосесијата зад која се потпишува Стивен Клајн, гласи: „Новата прва дама на Америка“.

И тука настапува вистинскиот бум!

фото извор: interviewmagazine.com

Новинарката, која очигледно е фан на семејството Кардашијан ќе ја опише како често неразбрана и потценета, но исто толку и фасцинантна, а истовремено и  мајка. Во воведот се вели дека ја буди љубопитноста и имагинацијата кај народот на ист начин како некогаш кај Џеки Кенеди, чиј живот се следеше постојано.

Во интервјуто Ким зборува за мајчинството, за тоа како често е погрешно проценета и потценета од луѓето, за семејните односи, но исто така и за проблемот со расата и расизмот што сè уште постои кај народот, како и за воспитувањето на Норт и Сеинт во контекст на тоа.

Но вели, најмногу од сè ѝ пречи кога ќе кажат за неа дека не е талентирана и дека ништо не работи.

-Кога немаме снимања, овде сум во мојата работна соба. Имам многу табли со многу различни работи пред мене - преку 15 примерока за парфеми ме чекаат на работната маса. Потоа, за нашата детска линија можеби околу 200 примероци, како и материјали за костими за капење кои треба да ги прегледам. Има денови кога треба да прегледам, не се шегувам, преку 300 производи од декоративна козметика, што би ги вклучила во следниот период. Во меѓувреме го носам син ми на часови по музичко, а ќерка ми на часови по јавање. Можете да кажете многу работи за мене, но не и дека не работам напорно. Не пејам, ниту пак танцувам. Не глумам. Но, не сум мрзелива - вели ријалити ѕвездата.

фото извор: interviewmagazine.com

По објавувањето на „Новата прва дама на Америка“ настапија лавина коментари на социјалните мрежи и најчесто негативни.

„Ова е нешто најсмешно и најгупаво што досега сум го видела“; „Џеки Кенеди сега се превртува во гроб“; „Ким Кардашијан прва дама?! Мишел Обама умре или што?“, „Ким никогаш нема да може да биде Мишел Обама или Џеки Кенеди. По ѓаволите, таа едвај е Мерилин“; „Што е ова? Ким нема врска со историјата или почит кон сегашната прва дама. Таа е срам за САД“; „Нова прва дама?! Првата дама никогаш не би ги поставила своите голи или полуголи фотографии на Интернет“, се само дел од коментарите.

фото извор: interviewmagazine.com

Има и такви кои сметаат дека наместо да се слави различноста, тимот на магазинот одлучил да го затемни тенот на Ким за да биде сличен со оној на Норт, со што се праќа друга порака.

И всушност, главното прашање е колку е издржана ваквата споредба и зошто воопшто се прави. Што сакаат да порачаат и Ким и магазинот со тоа што ја нарекуваат „новата прва дама“, бидејќи Џеки и Ким по ништо не се исти. А околу љубопитноста, (не)разбирањето и потценувањето – тоа е нешто со што се соочуваат голем број јавни личности и не е нешто што би ги поврзало само Џеки и Ким.

фото извор: interviewmagazine.com

Сепак, секако, има и такви што ја одобруваат оваа насловна и коментираат дека е неверојатно слатка, историска и најдобра до сега.

Има и трет табор на луѓе и коментари - Ким прватата дама во однос со актуелната.

„Со оглед на тоа дека сегашната прва дама е за никаде, во споредба со неа, Ким Кардашијан е сосема ок“; „Кога Ким е подобра прва дама од актуелната прва дама“; „Ако ти си новата прва дама, значи ли дека ќе добиеме и нов претседател? Едвај чекам да се ослободиме од Доналд Трамп“....

фото извор: interviewmagazine.com

Оваа насловна страна го привлекува вниманието и поради малата Норт. Ова е всушност нејзиното деби на насловна страна, а и прво интервју. Прашањата за малата убавица на Канје и Ким ги поставуваа деца на познатите – ќерката на Синди Крафорд, Каја, синовите на Бритни Спирс, ќерката на Кортни Кардашијан и Скот, како и „Дизни“ ѕвездата, Мили Боби Браун.

фото извор: interviewmagazine.com

Како се снајде во таа улога Норт, погледнете на линкот ТУКА. Целосното интервју со Ким пак, го имате ТУКА.

Без разлика со што ќе се согласите, „Интервју“ веројатно ќе го има еден од најпродаваните броеви во историјата. На останатите им останува да коментираат дали Ким заслужува да биде величена и споредена со прва дама, дали да се најдеше некој друг во истата фото-сесија (на пример актерката Тараџи Пи Хенсон или Вајола Дејвис) ќе предизвикаше такви реакции и има ли воопшто потреба да се прави реплика на нешто што тешко може да се победи?

Останатите фотографии погледнете ги во продолжение:

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

фото извор: interviewmagazine.com

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.204 пати