Романтичен четврток
•
31 август 2017
За денеска ви подготвивме една романтична, а истовремено и безвременска комбинација, што може да ви се најде за повеќе пригоди.
Одбравме црно здолниште од нежна тантела, кое го комбинираме со бела кошула-боди. Во предниот дел има т.н. шал крагна што ѝ дава елегантна нота.
Кога се модните додатоци во прашања, црни сандали со ремче совршено се вклопуваат во овој стајлинг. А за да не биде сè во црно-бела комбинација, одлучивме чантата да биде во винтиџ зелена боја. Секако, вие можете да си играте со која боја сакате.
Имајте убав ден!