Инспирирани од грубата клима и сивилото на Нова Англија, жолтата водоотпорна чизма за прв пат беше претставена во далечната 1973 година. Едноставниот изглед, чистите линии и заштитата која ја пружаат за брзо време придонесе Тимберлендките да станат светски познати по својот квалитет.
Токму по тој повод, во продажба ќе биде пуштена ограничена серија од овие чизми во чест на 40 годишнината од нивното постоење.
„Нашата приказна започнува со скромните корени од Нова Англија, па се до начинот на кој станавме центар за трговија и градење на уникатен стил. Оваа ограничена колекција е начин да одадеме чест на нашето минато, а во истовремено да создадеме нешто ново инспирирано од оние кои ни помогнаа да бидеме тоа што сме денес“ – изјави Лиса Демаркис, претседател на одделот за облека во Тимберленд. Таа истакнала дека се посветени на пружање автентични производи за верните потрошувачи и за новата генерација потрошувачи.
По повод 40 години од постоењето на Тимберлендките, во продажба ќе бидат пуштени 1973 пара чизми,со уникатен сериски број во нивната внатрешност.