Готје ќе дизајнира колекција за мега модниот синџир Lindex

3 јуни 2014

Францускиот дизајнер Жан Пол Готје ќе се проба да го имплементира својот дизајнерски сензибилитет во Скандинавијата, со тоа што ќе дизајнира линија колекција за европскиот моден синџир Lindex. Станува збор за женска и детска облека, како и аксесоари и долна облека, која се очекува да биде пуштена во продажба од месец октомври.

 

Поводот за соработката на Lindex со францускиот котуриер е за 6о годишнината од постоењето, а 10 проценти од продажбата на колекцијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели за ракот на дојка. Инаку, Lindex оперира со повеќе од 480 продавници во 16 европски земји, меѓу кои и русија и Англија.

 

Објавено:
3 јуни 2014
Категорија: 
Актуел