Александра Чичикова е првата Мис на свет со инвалидитет

12 октомври 2017

Полска е земјата каде што неомна се одржа првиот Мис на свет со инвалидитет. Победничка е 23-годишната Александра Чичикова од Белорусија.

Инаку, таа е студент по психологија и социјална педагогија, а самата сакала да се пријави на еден ваков избор.

фото извор: misswheelchairworld.com

„Борете се против своите стравови, потешкотии и анксиозноста. Водена сум од убедувањето дека дека мојот живот може да биде илустријација како една личност може да биде успешна, силна, убава, атрактивна, да има цели, без разлика на тоа како се движи“ вели убавата Белорусинка во своето претставување.

Александра потенцира дека се надева дека со тоа ќе помогне во разбивањето на стигмите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

фото извор: misswheelchairworld.com

„Навистина уживам да гледам како луѓето поинаку размислуваат и го менуваат својот став, поучени од примерот на луѓето со инвалидитет. Тие почнуваат да гледаат пред себе личност еднаква на себе, а некој што има инвалидитет“, посочува Чичикова.

Жири комисијата пак, беше составена од новинари, презенттери, претставници од градскиот совет на Варшава, а меѓу нив се најде и Мис на Полска со инвалидитет од 2013 година, Олга Алаба.

Инаку, прва придружничка беше Лебоанг Монијатси од Јужна Африка, додека втора предужничка е Полјачката Адриана Заваџинска, која исто така ги освои и титулите „Мис Шарм“ и „Мис Фото“. За Мис насмевка беше избрана Надџет Мескин од Франција, додека Мис Љубезност е Ваен Кинг од Канада.

фото извор: independent.co.uk

Во изборот земаа учество вкушно 24 девојки од 19 различни земји – Ангола, Белорусија, Бразил, Канада, Чиле, Финска, Франција, Гватемала, Индија, Италија, Мексико, Молдавција, Холандија, Полска, Русија, Јужна Африка, Украина и САД, кои се претставија во народни носии и во свечени фустани.

Организатор на настанот е фондацијата „Only One Foundation“, чии основачи се две мајки со инвалидитет.
Тие сакале да го насочат вниманието на јавноста кон лицата со инвалидитет, покажувајќи дека и тие можат да се вклучат во општеството.

фото извор: misswheelchairworld.com

Во нивна организација е и „Мис на Полска со инвалидитет“, избор што се одржува веќе четири години. Ова година одлучиле дека ќе одат на глобално ниво и така се организира првото издание на „Мис на свет со инвалидитет“.

фото извор: misswheelchairworld.com

фото извор: misswheelchairworld.com

фото извор: misswheelchairworld.com

фото извор: misswheelchairworld.com

фото извор: misswheelchairworld.com

Мис на Полска; фото извор: misswheelchairworld.com

Мис Јужна Африка; фото извор: misswheelchairworld.com

фото извор: guardian.ng

Освен овие два, тие водат уште неколку успешни проекти наменети за мајките, децата.

И додека оваа фондација и сите учеснички во изборот сакаат да покажат дека убавината нема граници и ограничености, изборот на новата Мис на Србија го покрена прашањето за убавината во рамка.

Ивана Тришиќ е најубавата Србинка според неодамна  одржаната манифестација „Мис на Србија“.

 

@miss_serbia_official

A post shared by Ivana Trišić (@ivana_trisic) onSep 6, 2017 at 10:43am PDT

 

Откако ја доби посакуваната титула, во медиумите се појавија нејзини фотографии од пред неколку години, од каде јасно се гледа дека Тришиќ за својот сегашен изглед може да ѝ се заблагодари на естетската хирургија. Сменет нос, зголемени усни, уште повеќе зголемени гради направија сосема нова личност, која сега е прогласена за убава. Со тоа, веќе наметнатиот тренд од светските ѕвезди доби официјална потврда и кај соседите, а со тоа и униформираноста.

 

#me #photoshoot #photoshooting model #modeling #tb Photo by: @jankom_artist

A post shared by Ivana Trišić (@ivana_trisic) onNov 30, 2016 at 5:22am PST

 

 

#me #mirrorselfie #nightout #style #tb

A post shared by Ivana Trišić (@ivana_trisic) onJul 2, 2017 at 9:08am PDT

И додека едните се борат за промени, за природност, поместување граници, внатрешна убавина, другите како да се трудат што повеќе или што подобро да се вклопат во шаблонот наметнат од Западот.

Ова е само уште еден пример за две сосема поинакви реалности со кои се соочуваме секојдневно, а на кои гледаме низ филтерот што нас ни одговара, или пак воопшто и не ги забележуваме.

Објавено:
12 октомври 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.689 пати