Тренд аларм: Флорален фустан за секоја пригода
•
13 октомври 2017
Цветниот дезен и оваа сезона е меѓу омилените. Затоа често ќе го видите аплициран на повеќето трендовски парчиња облека: чизми до глужд, чанти, јакни, капути, кошули, фустани, здолништа...
Токму во таков, „флорален" фазон е и денешниов Тренд аларм – романтичен фустан од Манго, во интензивна зелена боја, декориран со цветни мотиви.
Фустанот е со кратки широки ракави, во лежерен крој со миди должина, а уште еден впечатлив момент е врзувањето во панделка околу врат.
Неговиот универзален карактер е уште една предност, така што лесно може да го комбинирате за различни пригоди.
Комбинација: Манго
Модел: Матеа Кантурска, Моделс Ин
Стајлинг: Fashionel
Шминка: Елена Лука