Се омажи актерката Алисија Викандер

17 октомври 2017

Светските медиуми од вчера не престануваат да пишуваат за венчавката на актерката Алисија Викандер и актерот Мајкл Фесбендер, која се случи викендов.

Како пренесуваат, и покрај трудот на двојката да се сокрие од очите на јавноста, тие се фатени на Ибица, каде во присуство на семејството и пријателите ја овековечија својата љубов.

-На гостите им беше посочено кога да пристигнат на Ибица, по што ќе бидат собрани и однесени во хотел – вели извор близок до двојката за светските медиуми.

Во јавноста се појавија фотографии од островот, каде актерите облечени во летна лежерна облека разменуваат нежности.

Освен комбинациите во цветен принт, Алисија е забележана и во бел краток фустан, со очила за сонце со рамки во форма на срце.

Модните медиуми веднаш реагираа дека тоа би можело да биде и некој од невестинските фустани во кои актерката би се појавила на венчавката. Сепак, официјална потврда никој не доби, затоа што фотографиите од самиот чин, сепак не се појавија.

Инаку, Алисија и Мајкл се запознаа на снимањето на филмот „The Light Between the Oceans“ во 2014 година и оттогаш се заедно.

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
763 пати