Алисија Викандер е готска убавица во шик комбинација од Луј Витон

5 септември 2019

Шармантната актерка Алисија Викандер веќе долги години е муза на брендот Луј Витон, па очекувано беше да се појави на доделувањето на наградите што секоја година традиционално ги организира луксузната групација LVMH.

На церемонијата во Париз таа се појави со нејзиниот сопруг, актерот Мајкл Фасбендер со кој е во брак неколку години, а со оглед на тоа што многу ретко се појавуваат во јавност заедно, ова беше совршена можност за фотографии.

Младата актерка изгледаше неверојатно во целосно црна комбинација од круз колекцијата на брендот, составена од совршено скроени панталони со висок струк и црна кожена ролка со кадифени детали на ракавите.

Комбинацијата таа ја надополни со ремен со сребрен детаљ на половината, високи потпетици, чанта и впечатливи очила од брендот и како и секогаш, едноставна и нежна шминка и фризура.

Иако на прв поглед можеби се чини дека комбинацијата од кожа, кадифе и памук е премногу, сепак, актерката изгледаше навистина неверојатно и супер впечатливо, а уште еднаш докажа дека целосно црната комбинација секогаш е полн погодок.

Токму актерката беше таа која ја додели главната награда на младиот Тиби Магугу кој стана првиот дизајнер од Африка кој ја добива престижната награда од групацијата.

Заедно со неа, на сцената се појавија и првиот човек и дизајнер на брендот Никола Гескјер и извршната директорка Делфин Арно.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
5 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.390 пати