Изминатата година беше навистина одлична за новата холивудска надеж со шведско потекло Алисија Викандер. Покрај тоа што беше дел од најголемите филмски хитови меѓу кои и Danish Girl и Ex Machina, таа доби и Оскар за најдобра споредна женска улога.
Младата шведска актерка се подготвува за премиерите на нејзините нови три филма што се очекуваат во 2016 – та година, а наоѓа и време да биде дел од кампањите на најголемите светски дизајнери, пишува journal.hr.
Како заштитно лице на брендот Луј Витон, можеме да ја видиме и во нивната последна кампања за новата колекција чанти кои се поубави од кога и да е.
Прекрасната Алисија изгледа навистина шик на сите фотографии од кампањата за чантата „Twist“, облечена во креации на брендот, со нова фризура и минимална шминка.
Покрај одличните фотографии, Алисија е дел и од супер ретро видеото во кое актерката ги покажува и нејзините танцувачки способности на „заразниот“ твист, истовремено покажувајќи ги новите модели чанти.
Погледнете!