Must havе: Масивни обетки за впечатлив изглед
•
17 октомври 2017
Деталите честопати имаат клучна улога во дефинирањето на стилот и личниот имиџ.
Преку изборот и комбинирањето на модните додатоци го потенцираме нашиот визуелен идентитет и со тоа се издвојуваме од останатите.
Масивните и впечатливи обетки оваа сезона повторно се во модниот фокус.
Нашиот избор за „must have" се токму еден таков пар масивни обетки со реси, во интензивна портокалова боја со кои сигурно нема да останете незабележани.
Нивниот дизајн е до толку впечатлив, што ќе му дадат силен визуелен акцент и на наједноставниот стајлинг со обичен еднобоен фустан во прав крој или обична маичка со џинс.
Обетки: Parfois, Fashion Group
Стајлинг: Fashionel.mk
Модел: Матеа Кантурска, Моделс Ин
Шминка: Елена Лука