Gipsy Kings со новогодишен Greatest hits концерт во Скопје!

26 октомври 2017

Авалон Продукција подготви уште едно музичко задоволство за историски успешната концертна 2017 година во Македонија.

На 22 декември како второ издание на настанот насловен како „All You Need is Love“, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски  атракции „Gipsy Kings“. Актуелната формација на бендот, предводена од Пако и Микаел Балиардо, доаѓа во Скопје со Greatest hits сет, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, „Gipsy Kings“ станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, групата имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Балиардо, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња.

После шест номинации за „Греми наградите“, „Gipsy Kings“  во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“.

Информациите околу влезниците за овој концертен спектакл ќе бидат објавени вечерва. 

Објавено:
26 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
638 пати