Вторникот го боиме во зелени нијанси. Нашата денешна предлог комбинација се состои од асиметрично црно мини здолниште, украсено со копчиња од едната страна. 

Џемпер со карнери на ракавите во зелена нијанса е изборот за горен дел. На сето тоа додваме јакна во беж нијанса.

Кога се модните додатоци во прашање, чизмички до глужд на врзување во боја на џемперот и чанта во есенски тонови совршено ќе се совпаднат во комбинацијата.

Со оглед на сончевото време, можете да додадете и очилка за сонце и секако некој од вашите омилени кармини.

Имајте убав ден!

Објавено:
31 октомври 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.291 пати