Новиот луксузен дом на Тејлор Свифт
•
7 ноември 2017
Поп пејачката Тејлор Свифт има нов луксузен дом во њујоршкиот кварт Трибека. За своето ново задоволство платила 18 милиони долари, а се наоѓа веднаш до имотот што го купи пред три години и притоа целосно го преуреди.
Оваа скапоцена хациенда има навистина интересен распоред што вклучува бројни содржини. На приземјето се сместени теретана, кино, спа и бар, додека на првиот кат е сместен гостински апартман.
Вториот кат пак е концепиран за интимниот живот на сопственичката. Тука се двете пространи спални со огромни гардеробери, како и отворена тераса со прекрасен поглед.
Иако само што го купи овој имот, веќе се зборува дека Тејлор е во потрага и по нов апартман во Лондон.
Фото: Profimedia, elle.hr