Еми Норис ќе учествува на Интернационално биенале во Пекинг

23 ноември 2017

Дизајнерката Емилија Дамјановиќ која твори под името Еми Норис, ќе биде дел од Интернационалното биенале за накит во Пекинг, кое се одржува од 18 до 28 ноември.

Темата годинава е „Union&Consurrence“, а манифестацијата има за цел да ја промовира различноста, креативноста и уметничките креации. Воедно, ова е одлична шанса да се истражуваат нови концепти на полето на меѓународната уметност за накит, а со тоа се создава интерактивна платформа и простор за различни креативни решенија и идеи.

Ова е трето учество на Еми Норис на биеналето во Кина, а овој пат се претставува со ѓердан изработен од плексиглас. 

Инаку, во овие десет дена, посетителите имаат можност да видат повеќе од 1.600 парчиња накит, од преку 300 креативци од 45 држави во светот.

Објавено:
23 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
190 пати