Во Лондон неодамна се одржаа Британските модни награди, а меѓу присутните беше и Селена Гомез.
Младата ѕвезда за таа пригода се појави во креација на брендот „Coach“, но тоа не беше нејзиното единствено издание за време на престојот во Лондон.
За еден ден Селена смени шест комбинации, а во сите изгледаше беспрекорно.
Вакво модно шоу претходно ни претстави Блејк Лајвли во Њујорк во октомври, кога смени дури седум комбинации.
Во продолжение погледнете ги овие на Селена и кажете ни, која комбинација најмногу ви се допаѓа?
#1 Пристигнување во „Би-Би-Си“ радио
Селена носи црна креација од „Проенза Скулер“ во комбинација со бела ролка и очила за сонце од Кејт Јанг.
#2 Напуштање на хотелот
Селена носи син фустан „Cushnie et Ochs“, со голи раменици во комбинација со очила за сонце од Кејт Јанг и чевли со панделка од брендот „Trademark“.
#3 Во Kiss FM Студио
Пејачката носи цветен фустан со потпис на Исабел Марант во комбинација со црвени чевли од Мансур Гавриел.
#4 Во Мајфер
Селена носи црна транспарентна ролка, куси панталончиња, карирано палто од „Fay Brand“ и црвените чевли од претходната комбинација.
#5 Во „Корнитија“ хотелот во Лондон
Младата ѕвезда носи транспарентен црн фустан со црвени детали, креација на „Coach“ и високи чизми на врзување.
#6 Британски модни награди
Селена носи фустан од „Coach“ повторно, посебно направен за неа, во комбинација со високи бели чизми.
фото извор: eonline.com; elle.com; cosmopolitan.com.au;