Последниов час низ балканските медиуми се прошири веста за смртта на хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ. „Сплитски дневник“ прв ја објави веста, но после неколку минути истата беше тргната - дали поради невистинитост или блокираност на сајтот, сè уште не е познато.
Сепак, ниту еден друг хрватски медиум не сподели вечерва таква вест.
За сега е познато дека пејачот е во кома и сè уште се бори за живот. Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ во рамки на еден настан ги замоли сите да се помолат за здравјето на Драгојевиќ.
Инаку, Оливер пред два дена наполни 70 години, а бројни колеги му посакаа само едно - да излезе како победник од борбата со лошата болест - канцер на белите дробови.
Поради состојбата, пејачот неодамна ги откажа сите концерти. За сега, сè уште нема никаква официјална потврда за неговата состојба...