Сиво-црна среда
•
13 декември 2017
Нашата предлог-комбинација за оваа среда ќе ги израдува сите љубители на сиво-црните комбинации. Се одлучивме за плетен миди-фусан со украсни копчиња од левата страна.
Го комбинираме со чизмички до глужд во истата нијанса, како и сив капут со интересен ремен што ја истакнува половината.
На тоа додаваме плетен кариран шал, како и црна дискретна чанта што совршено ќе се совпадне во комбинацијата.
Ако сакате да внесете некоја интензивна боја, изборот на чанта може да го смените и на тоа да додадете некој интензивно розов кармин, на пример.
Имајте убав ден!