Понеделник во сиво и розово
•
5 декември 2016
Оваа работна недела ја започнуваме дамски. Нашиот предлог за што да облечете е плетен сив фустан со долги ракави и должина речиси до листовите. Тенко црно ременче околу половината врзано во панделка ќе го истакне овој дел од телото, а и ќе придонесе уште повеќе за женствената нота.
Го комбинираме со црни чизми до глужд и пастелно розов капут.
На сето тоа можете да додадете топол сив шал, чанта и накит по ваш избор.
Ви посакуваме убава работна седмица!