Кои ќе бидат водечки трендови во уредување на ентериерот во 2018?
•
15 декември 2017
Новата година носи нови, свежи идеи и кога е во прашење ентериерното уредување.
Одредени трендови што беа актуелни годинава, ќе останат популарни и претстојната, 2018 година, но се најавуваат и новитети со кои ќе го освежиме амбиентот во нашиот дом или на работното место.
Класичниот, елегантен и безвременски изглед, како и неутралните и земјени нијанси остануваат секогаш сигурен избор, но доколку сакате да експериментирате и да направите трансформација во ентериерот, еве што посочуваат трендовите за 2018:
Монохроматски комбинации на мебел и декоративни елементи
Впечатливи ламби
Софи со заоблена форма
Гарнитура во интензивна боја
Уникатни, рачно изработени комоди