Гал Гадот е најплатената актерка за минатата година

3 јануари 2018

Улогата на Дијана односно Wonder Woman, ѝ донесе најголема заработка помеѓу актерките на израелската актерка Гал Гадот,  објави Форбс на својата листа за најплатени актери за 2017 година.

Филмот „Wonder Woman" само од продажба на влезници заработи 1,4 милијарди долари, за што голема заслуга има и младата Гадот, што ѝ ја обезбеди позицијата на најплатена актерка за минатата година.

Исто така минатата година Гадот имаше една од главните улоги и во блокбастерот „Justice League", а продолжение на хероината Wonder Woman ќе гледаме во 2019 година.

Објавено:
3 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
471 пати