Пред да одиме на продолжен викенд, оваа работна недела ја завршуваме со еден нежен стајлинг. Денеска комбинираме пастелно розови и бордо нијанси.

Нашата предлог-комбинација содржи црн џинс со висок струк, кошула на преклоп со риги од двете споменати нијанси. На тоа додаваме долго палто-капут во пастелно розова и шал во истата боја.

Комбинацијата ја заокружуваме со бордо чизми до глужд, чанта и кармин во слична нијанса.

Со оглед на тоа дека е петок, а времето е одлично, искористете ги шансите да отидете некаде или да се забавувате со пријателите и празниците да ги поминете во добро расположение.

Имајте убав ден и викенд!

Објавено:
5 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.186 пати