Пред нас е продолжен викенд, па оваа работна недела ја завршуваме во розово-виолетови нијанси. Комбинираме широки панталони со романтична транспарентна кошула во пастелно виолетова боја. 

На комбинацијата додаваме широк капут во розова боја. Од модните додатоци се одлучуваме за црни чизми до глужд и чанта во пастелно-бели комбинации.

Карминот и лакот ни се во соодветни нијанси. Денеска и времето ќе биде на наша страна, па опремете се со добро расположение и имајте супер продолжен викенд!

 

Објавено:
18 јануари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
873 пати