Нашиот денешен предлог е стајлинг во пастелни бои. Времето е сончево, нè асоцира на тоа дека ни следува пролет, па инспирирани од тоа, одбравме нежна комбинација која веруваме ќе ве инспирира.

Се одлучивме за пастелно сино здолниште од сомот, со патент на средина и во делот кај џебовите. Го комбинираме со плетена блуза во пастелно розова, бела и сива нијанса. 

На тоа додаваме пастелно розов широк капут, ранче во слична нијанса, а кога се обувките во прашање, со сиви чизми до глужд го завршуваме стајлингот.

Имајте убав ден!

Објавено:
1 февруари 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
691 пати