Вторник во колор-блок здолниште и ролка
•
19 декември 2017
Вторнички одлучивме да си играме малку со боите и ткаенините, па во фокусот на комбинацијата е колор-блок здолниште. Не само што е направена комбинација на бои, туку и на ткаенини, па користени се парчиња од кожа и велур.
Интересното здолниште го комбинираме со црна ролка, а на тоа додаваме и кариран капут во слични нијанси со здолништето.
На крајот, стајлингот го завршуваме со темноцрвени високи кожени чизми и ранче во истата боја.
Имајте убав ден!