Вторник во жолто
•
6 јуни 2017
Сите денеска нè разбуди сонцето и топлите температури, што веднаш влијае и на расположението. Затоа, ние одлучивме нашиот денешен предлог да биде една весела комбинација.
Инспирирани од сонцето, доминира жолтата боја, па горниот дел со машнички од страните, го комбинираме со здолниште со висок струк во риги.
На тоа ги додаваме жолтите асиметрични сандали и чанта во слични нијанси.
Иако на фотографијата ги нема, очилата за сонце се задолжителни.
Ви посакуваме убав и весел ден!