Вторник во портокалово
•
25 јули 2017
Овој вторник го боиме во топли нијанси на портокаловата. За уште еден летен и жежок ден, се одлучивме за здолниште на преклоп со висок струк и риги.
Го комбинираме со бела маичка на прерамки и карнер во предниот дел. Комбинацијата ја заокружуваме со рамни сандалки исто така во портокалова нијанса.
На сето ова, додаваме чанта со портокалово-бел цветен принт. Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, како и соодветно карминче.
Оваа дамска, а сепак лесна летна комбинација е идеален избор за повеќе пригоди.
Ви посакуваме убав ден!