Високите температури повторно ни се враќаат, па тоа беше доволно за да се инспирираме и нашиот денешен предлог да биде весела и забавна комбинација.

Се одлучивме основата да биде фустан на риги, кој во горниот дел е на преклоп и прерамки. Го комбинираме со кратка тексасна јакна со апликации.

Комбинацијата ја надополнуваме со сандали во виолетова боја, а чантата е исто така во риги, со виолетово срце како детаљ.

Иако на фотографијата ги нема, секако земете си ги омилените очила за сонце и така подготвени тргнете во реализирање на денешните обврски.

Имајте убав ден!

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
606 пати