Четвртокот го боиме во сиви и розови нијанси.

Нашиот денешен предлог се сиви панталони со дискретен каро принт. Во делот на струкот се врзуваат со широк ремен.

Со оглед на топлтото време одлучивме да ги комбинираме со бела маица на кратки ракави, а одозгора додаваме елек во пастелно розова нијанса.

Комбинацијата ја заокружуваме со бели чевли и бела чанта со принт!

Имајте убав ден!

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
707 пати