Карен останува доследна на промовирање остар и минималистички портрет на лица и во најновата субверзивна кампања за очила за сонце. Имено интересно е да наведеме дека за својата пролет-лето 2013 колекција очила за сонце брендот се здружи со “Advanced Style”, а главни протагонисти во кампањата им беа жени на возраст од 65 до 92 години. Сега за својата втора летна колекција на очила за сонце која започна официјално вчера, брендот избра дечиња на возраст од 3 до 5 години.
„Кампањата промовира оптимизам и разиграност“. Идејата за колекциите беше тие да бидат претставени како полици до книги, првата која беше сликана во Њујорк се базираше на вечниот оптимизам, а втората полица нуди деца со широко отворени очиња и длабок поглед кои укажуваат на игривата стана од животот, која вие ја избирате нормално , изјави Валкер.
Децата Клаудија, Тајлер, Елис и Алис-Роуз, беа фотографирани од страна на Дерек Хендерсон и секое детенце промовира по еден стил на очила Siouxsie, Underground, Rowdy и Peek-a-boo.
„Ги замоливме децата да бидат тоа што се, без да прават специфични работи, а ние сме тука за да го уловиме кадарот“, додаде Карен.
Со сензибилитет на цртана играчка, колекцијата со потписот на Валкер ќе чини од 330 до 350 долари за пар очила за сонце, а продажбата ќе започне официјално од 5 септември.