Кога се британското кралско семејство и нивниот стил во прашање, секогаш најголемо внимание се обрнува на Војвотката од Кембриџ, односно Кејт Мидлтон.
Несомнено е дека таа е влијателна, а доказ за тоа се и брзите распродажби на парчињата што ги носи. Сепак, ако подобро ги погледнете фотографиите на кои се и Вилијам и нивните деца Џорџ и Шарлот, ќе забележите дека малите принц и принцеза многу често се вистински модни близнаци.
Стајлинзите им се често усогласени и тоа најчесто по боја. Ако Џорџ носи темносини нијанси, Шарлот тогаш е во светлосини, со некој темносин детаљ.
За време на турнејата на Кејт и Вилијам во Полска тоа можеше најдобро да се забележи.
А ние во продолжение ви претставуваме уште неколку ситуации кога тие имаат совршено усогласени стајлинзи и изгледаат прекрасно: