Причината за тоа не е нејзината популарност, ниту пак е осуденичка на некое кривично дело, туку е дел од учесничките за избор на Мис Кореја . Но Ким исто како и другите учеснички добро ја знае причината за овие промени. Pред неколку години една од учесничките заедно со нејзината мајка, влегле во делот од ресторан кој бил наменет за вработените каде по брза постапка и била извршена хирушка интевенција.
Конкуренцијата е голема и строга ако се земе во предвид фактот дека е годишен избор за најубава Корејка. Во изборот учествуваат 56 девојки, а Ким е една од трите девојки избрани од Њујорк. Останатите биле избрани од Лос Анџелес, Вашинготон, Хаваи, Бразил и Австралија.
Новата Мис Кореја ќе предизвика вистинска сензација на интернационално ниво бидејќи нема да наликува на претходните преставнички кои беа резултат на пластични операции. Доколку претходно Холивуд беше центарот за пластични интервенџии односно „фабрика за барбики“, сега челното место и припаѓа на Јужна Кореја, па дури и Интернационалното здружение на пластични хирурзи бара совети од докторите во Кореја за успешниот напредок на ова поле и начините за поедноставувањето на постапките.
Медиумското внимание кое беше насочено кон претходните убавици поради нивната вештачка убавина предизвика бура од коментари кое резултираше со измени во условите за избор на новата Мис. Односно медиумите како домашните, така и странските не се штедеа на зборови при истакнувањето на фактот дека сите девојки личат една на друга како клонови.
Познато е дека девојките во Азија најмногу од се сакаат да изгледаат како Кореанките, односно да имаат остри црти во делот на веѓитеи носот, но модернизацијата отиде до степен што повеќе никој не крие дека има направено некоја измена односно секоја петта жена, а во третманите за разубавување не заостануваат ни мажите.
Поради тоа што интервенциите се многу поефтини од Америка, Јужна Кореја стана омилена туристичка дестинација за сите оние кои сакаат да направат некакви измени во изгледот и истовремено да се одморат. Во 2010 година, Јужна Кореја имала 100. 000 медицински туристи, а се очекува до 2015 таа бројка да се искачи до 150. 000.
Иако Ким не е висока, има овално лице и мали очи, сепак не планира да направи било каква интервенција на изгледот и со тоа да влезе во групата на девојки кои се жртви на лажниот сјај.