Домот на Џенифер Анистон во Калифорнија

12 февруари 2018

Актерката Џенифер Анистон викендов го прослави 49-тиот роденден. Со таа вест се совпадна и онаа за тоа како изгледа внатрешноста на нејзиниот дом во Калифорнија.

Ексклузивата за тоа ја имаше магазинот „Architectural Digest“. Анистон призна дека за неа најважна е топлината и удобноста во домот. Овој го поседува од 2011 година, а токму таму и се случи венчавката со актерот и сценарист Џастин Теро.

Уредувањето го препуштила на стручни лица, иако нејзините желби и оние на нејзиниот сопруг исто така биле застапени. 

„Да не сум актерка, би била дизајнер. Ми се допаѓа работата со материјали и магијата што се создава. Но, секси е важно, но удобноста е есенцијална. Естетиката во нашиот дом може да се опише како „стариот свет се среќава со новиот““, вели актерката.

Во дел од собите има рачно сликани тапети, а низ собите има средновековен мебел, свилени прекривки, стари јапонски паравани...

За градината се исто така ангажирани стручни лица, а во неа имаат и тако бар, во кој посебно уживаат.

„Имав еден период од животот кога мислев дека има нешто романтично во тоа да ги собереш работите и да одиш на некое друго место секои три месеци. Сега сум многу повнимателна во одбирањето на проектите и прифаќањето на истите. Кога ќе ги погледнам сопругот и трите наши кучиња и нашиот дом, не постои друго место на кое би сакала да бидам“, потенцира Анистон.

Во продолжение погледнете и зошто е тоа така:

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.435 пати