Гламурозниот дом на Џенифер Лопез

5 август 2013

Денес ве повикуваме на една виртуелна посета низ ходниците и собите на куќата на Џенифер Лопез која се наоѓа во Калифорнија, а е неверојатно фасцинантна и ве остава без здив. Погледнете каде ужива латино дивата кога се наоѓа во сончевата држава.

Велат дека домот е одраз на карактерот на една личност, а живеалиштето на оваа ѕвезда само го докажува ова тврдење. Елегантна и сензуална атмосфера, која плени со гламур и вечна класика. Луксузната куќа е декорирана во 2010 година од страна на дизајнерката Мишел Воркман. Резиденцијата го има белегот на арт деко стилот кој се провлекува низ целиот дом, нагласувајќи ја пространоста, транспарентноста и чистината на просторот. Палетата од пастелни нијанси на  сина, сива, бела, розова и праска, создаваат пространост и софистицирано чувство на комфорт и стил. Комбинациите од златни и сребрени акценти на некои делови внесуваат луксуз и сјај.

Пејачката и актерка Лопез за декорација на ентериерот ги одбрала своите омилени ткаенини - свила, кадифе и кожа, масивни таписерии и лустери кои ја рефлектираат светлината и создаваат илузии, со додатоци од месинг и бронза, како и спој на класични парчиња мебел со модернистички призвук, и за крај многу стакло и цвеќиња, кои само ја засилуваат вибрацијата на совршено уреден дом.

 

Објавено:
5 август 2013
Категорија: 
Сцена